Пирес: Емери е најдобар трансфер на Арсенал

899

Арсенал го направи најдобриот трансфер во текот на летото со назначувањето на Шпанецот Унаи Емери на функцијата менаџер, смета поранешното крило на тимот, Роберт Пирес. Шпанецот го наследи Арсен Венгер на клупата.

– Најдобар трансфер на клубот за мене е оној на менаџерот Унаи Емери. Секако дека беа привлечени и некои многу добри фудбалери. Но Емери победуваше во Франција. Победуваше и во Шпанија. Тој е искусен и се надевам дека соработката меѓу него и Арсенал ќе биде успешна и за двете страни, рече Пирес.

Емери дебитираше, иако неофицијално, во саботата со победа од 8:0 против петолигашот Борам Вуд.