Малиот шарпланинец по име Паша, кого српскиот претседател Александар Вучиќ ќе му го подари на неговиот руски колега Владимир Путин, е подготвен во Белград да го пречека својот нов стопан.
Тримесечното кученце е целосно исчистено и средено за првата средба со рускиот претседател, пишуваат српските портали. Познато е дека Путин обожава кучиња и дека неколку државници досега му имаат подарувано кучиња од раси кои се симбол на нивните земји.

„Кутрето има сериозно педигре од седум генерации. Станува збор за нашата најстара автохтона раса и познато е дека претседателот Путин сака токму такви раси“, изјави вчера извор од српското претседателство.
Паша има пасош со кој ќе отпатува за Русија, а во него се наведени сите најважни податоци за него, како на пример каде му е вграден чипот и кога е вакциниран.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























