Објавен идентитетот на двајцата алпинисти кои загинаа во силосот на „Бучим“: „Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на македонскиот алпинизам“

529

Македонската алпинистичка федерација ги објави имињата на двајцата алпинисти на локалниот клуб „Плоча“ од Радовиш кои загинаа чистејќи го едниот силос на рудникот „Бучим“, и изрази сочувство до нивните семејства.

„Со длабока жал споделуваме дека смртно настрадани во несреќата се алпинистот Зоран Мајсторски и Драган Станишков од Радовиш. Искрено сочувствуваме со фамилиите на двајцата. Зоран Мајсторски беше еден од столбовите на Македонскиот алпинизам кој остави значителен алпинистички траг. Алпинистите од МАФ и алпинистичката заедница остануваат без драгоцен другар и непроценлив алпинистички потенцијал. Зоран Мајсторски вечно ќе остане запаметен преку неговите искачувања“, пишува во соопштението на МАФ на Фејсбук.

За Мајсторски пишува дека 20 години работел како снимател во Регионална телевизија Кобра и локалната ЕМИ телевизија, а негово последно снимање било на дебатна емисија со кандидатите за градоначалници на Радовиш.