Објавен тизерот за последните епизоди од омилената серија, луѓето коментираат: „Тажно е приказната да заврши без нив“

69

Објавен е тизерот за вториот и последен дел од петтата сезона на популарната серија на „Netflix“ – „La Casa de Papel“.

Шпанската криминалистичка драма која стекна светска популарност ја заврши првата половина од петтата сезона со смртта на омилениот женски лик Токио.

Хелсинки е заробен под столбот и потребно е да се ампутира неговата нога, додека Стокхолм под влијание на морфиум се обидува да му помогне.

Новиот тизер ги прикажува ограбувачите како ги оплакуваат своите починати пријатели, а во позадина се слуша гласот на Професорот.

„Во последните неколку часа, изгубив некои многу важни луѓе и нема да дозволам повеќе никој да умре за овој грабеж“, вели Професорот.

Но, војската е подготвена за напад и во еден момент дури се гледа како Професорот извлекува пиштол.

Откако е објавен тизерот поголем дел од страсните гледачи коментираат една работа.

„Но, без Токио“, „Без Токио не е тоа тоа“, „Ќе ми недостасува Токио“, „Тажно е што оваа приказна ќе заврши без Токио, Хелсинки, Берлин, Наироби, Москва, Осло“, се само дел од коментарите.

Погледнете го тизерот: