Обединетото Кралство целосно ја поддржува Република Македонија, а земјата со спроведувањето на реформите во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ целосно го заслужува своето место во евроатлантските демократски сојузи, било истакнато на средбата меѓу премиерите на двете држави Борис Џонсон и Зоран Заев, што се одржа во Лондон на маргините на Самитот на НАТО.
Заев на средбата нагласи дека Македонија нема алтернатива за овие процеси и дека во изминатите две години беше фокусирана на исполнување на сите неопходни услови за да покаже дека е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ.
На средбата двајцата премиери ја истакнаа определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу двете земји како потврда за меѓусебното блиско пријателство и взаемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во Алијансата.
Премиерите Заев и Џонсон ја издвоија заедничката посветеност за продлабочување на економските и трговските односи меѓу двете земји, како и на поддршката за развој и унапредување на регионалната соработка.













![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)
















