Мнозинството уставни судии во расправата на денешната седница се изјаснија дека не ја поддржуваат иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија, врз основа на кои беа амнестирани лица инволвирани лица во насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Иницијативата е поднесена од Митко Чавков, екс министер за внатрешни работи директор на БЈБ.
Уставните судии кои зборуваа за иницијативата сметаат дека нема место за поведување постапка и оти Законот за амнестија треба да остане во правниот поредок.
Судијата известител Владимир Стојановски меѓу другото рече дека Уставниот суд не може да се стави во улога на Парламентот и да определува кого да амнестира. Законот за амнестија е донесен во 2018 година.
Подносителот на иницијативата Чавков смета дека селективната амнестија ги крши основните слободи и права на човекот загарантирани со Уставот.
Уставниот судија Осман Кадриу рече дека ова е 6-ти закон за амнестија донесен од Парламентот.
По дебатата за точките од дневниот ред на денешната седница, уставните судии и формално ќе се изјаснат дали ќе поведат постапка по иницијативата.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















