Обединетата македонска дијаспора: Министерот за надворешни работи на Уругвај има македонско потекло

833

Ернесто Талви, по татко од Македонија е нов министер за надворешни работи на Уругвај.

Обединетата македонска дијаспора му честиташе на Талви.

„Министерот Талви има импресивно и долго искуство како политичар и економист. Му посакуваме успешен мандат како министер за надворешни работи и се надеваме дека Уругвај и Македонија ќе ги зајакнат своите билатерални и трговски односи под негово водство“, велат од ОМД.