Спектакуларна акција како од филмовите: Криумчарите го фрлаа кокаинот во океанот откако забележаа кој ги следи…

846

Екипажот на моторен чамец на американската Крајбрежна стража „Стедфаст“ во петокот во Тихиот океан пресретна брод кој криумчарел дрога, по што криумчарите започнале пакетите со кокаин да ги фрлаат во водата.

И покрај тоа, американската Крајбрежна стража од бродот на криумчарите успеала да заплени 1043 килограми кокаин чија што улична вредност се проценува на околу 30 милиони долари.

На видео снимките направени за време на потерата, кои ги објави Федералната агенција за заштита на границите, може да се види како криумчарите ја фрлаат дрогата во водата, а припадниците на крајбрежната стража, вооружени ги апсат деветмината криумчари на дрога.

Капетанот на фрегатата на моторниот чамец „Стедфаст“, Ден Урсино изјави дека операцијата на крајбрежната стража е уште поимпресивна затоа што една третина од екипажот со тоа пловило не пловел од 13-ти јули кога за прв пат испловиле.

Американската Крајбрежна стража оваа година има запленето 104,326 килограми кокаин и уапси повеќе од 400 осомничени за криумчарење на дрога.