Новото истражување тврди: Здравствената корист од земањето мултивитамини е многу мала

584

Тие се главен нутритивен избор за милиони луѓе, но ако мислите дека земањето мултивитамини ќе направи да живеете малку подолго, веројатно грешите.

Американските лекари и научници следеле околу 300.000 луѓе постари од 20 години и утврдиле дека земањето на наводниот еликсир на животот „не носи корист во поглед на морталитетот“.

Истражувањето не потврдува дека „употребата на мултивитамини го зголемува очекуваниот животен век“, посочуваат тие во написот објавен во списанието „JAMA Network Open“, кој го објави Американското медицинско здружение.

Околу една третина од Американците зема мултивитамини

И покрај тоа што мултивитамините малку придонесуваат за долговечноста, вклучувајќи ги болните и оние со лоша исхрана, „многу возрасни Американци велат дека ги користат за одржување или подобрување на здравјето“, додаваат истражувачите, проценувајќи дека околу една третина од американската популација ги зема.

Истражувањето се заснова на извештај од 2022 година кој не можел да најде докази дека употребата на мултивитамини била корисна или штетна.

Новото истражување го земало предвид таканаречениот „ефект на здрав корисник“, кој влијае на ефикасноста на мултивитамините. Во тој случај, луѓето кои земаат суплементи имаат тенденција да јадат подобро, имаат помали шанси да пушат и почесто вежбаат од оние кои не го прават тоа.

Мала или никаква корист

Мултивитаминските суплементи се рекламираат како средства за зајакнување на имунутетот, енергија, виталност и за „општа благосостојба на организмот“, но ова истражување е на трааг на сè поголем број истражувања акои покажале мала или никаква корист.

„Иако веројатноста дека се штетни е мала, веројатноста дека мултивитамините имаат јасна здравствена корист е исто така многу мала, а ние сè уште немаме јасни докази за таквата корист“, наведува Медицинскиот факултет на Харвард.