Капитенот на Бугарија: Тие беа бесни на мене и ми викаа да не им се обраќам, но…

57

Дуелот во Софија меѓу Бугарија и Англија го одбележа октомврискиот квалификациски циклус за ЕП. За жал не заради убедливата победа на Англичаните од 0-6, туку заради големиот скандал кој го приредија домашните фанови.

Во еден момент од трибините можеше да се слушнат разистички извици и фашистички скандирања, а благодарение на капитенот на Бугарија, Ивелин Попов, страстите се смирија и мечот го виде својот крај.

„МОРАШЕ НЕКОЈ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТА. СО НИВ МОРАШЕ НЕКОЈ ДА ЗАСТАНЕ И ДА РАЗГОВАРА, ЗАТОА ШТО ТОА БИ БИЛ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПРОБЛЕМ НА НАШИОТ ФУДБАЛ. ТОА НЕ БЕШЕ ДОБРО ЗА НИКОГО. НЕМАВ ПРИТИСОК ОД НИКОГО, НИТУ ПАК НЕКОЈ АНГЛИЧАНЕЦ МИ РЕЧЕ ДА ОДАМ ТАМУ. НИЕ СМЕ ЕДНО ФУДБАЛСКО СЕМЕЈСТВО. НА ТЕРЕН СМЕ 11 НА 11 И НАШАТА БОЈА НА КОЖАТА НЕ Е ВАЖНА.

ЗАТОА СЕ РЕШИВ ДА РАЗГОВАРАМ СО НИВ. СЕ РАЗБИРА ДЕКА ТИЕ БЕА БЕСНИ НА МЕНЕ И МИ ВИКАА ДА НЕ ИМ СЕ ОБРАЌАМ. НО, МОЈА ДОЛЖНОСТ КАКО КАПИТЕН БЕШЕ ДА ЈА СМИРАМ СИТУАЦИЈАТА И СРЕЌЕН СУМ ШТО УСПЕАВ ВО ТОА“, РЕЧЕ ПОПОВ.

Големиот скандал синоќа ја доби и првата жртва, откако Борислав Михајлов, првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Бугарија си поднесе оставка.