7 годишниот Рудолф Инграм Џуниор уште кога бил мал го имал надимакот Молња, а сега сите го нарекуваат Јусеин Болт. Тој веќе има свој профил на Инстаграм со повеќе од 300.000 следбеници, а покрај трчање тренира и фудбал.
Вниманието на јавноста му го привлече кога во една трка истрчал 100 метри за само 13,48 секунди, што е американски рекорд за неговите години. Детето исто така привлече внимание кај кошаркарот Леброн Џејмс и тимот на американски фудбал Темпа Беј Баканирс.
Малиот Рудолф започнал да тренира кога имал само 4 години.
“Можат да му ја овозможат цела опрема која му е потребна за да биде одличен, но неговата сила, работна етика и волја за успех се тоа што го придвижуваат и доведуваат до резултати. Тој не сака да се чувствува како губитник. Тој сака да победи”, рекол неговиот татко.
Таткото раководи со Инстаграм профилот на својот син и ги набљудува неговите тренинзи. Вели дека на својот син се обидува да му обезбеди нормален живот.
“Никогаш немам пропуштено тренинг, никогаш немам пропуштено натпревар. Тој е голема ѕвезда помеѓу луѓето, за мене тој е само бебе. Јас сум снимател, тренер, негов шофер и сето тоа без пари. Мојата желба е да го видам среќен како го прави тоа што го сака”, вели таткото на детето.
Тој се надева дека еден ден неговиот син ќе замине на Олимпијада.
“Ако не оди, не е важно. Одиме понатаму. Важно е дека секогаш сум покрај него. Мора да стоите покрај вашето дете, постојано да го поддржувате и на крајот сигурно ќе стане некој”.
Покрај трчањето и фудбалот, 7 годишниот Рудолф се занимава и со моделинг.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

