Се појави видео од првите моменти од трагичната несреќа, возачот на автобусот лежел на асфалтот

2306

По големата трагедија која се случи вчера во селото Ласкарци, во која автобус на претпријатието Дурмо-турс од Гостивар излета од автопатот и падна во бездна, се појави и видео снимено од страна на сведоци на несреќата.

Луѓето кои се нашле случајно на местото на несреќата, најпрвин не сфатиле што се случило и тргнале да видат од каде доаѓа чадот што се гледа на видеото и од каде одекнал тој силен трескот. Одејќи кон местото на трагедијата, наишле на човек како лежи на асфалтот за кој подоцна било воочено дека е возачот на автобусот. 

Еден од првите кои им притекнале во помош на настраданите е и Фестим Русани, вработен во Владата, кој се нашол на местото на трагедијата само неколку минути подоцна, одејќи од работа кон Тетово каде што живее, пренесува порталот “Ако.мк”.

Тој побарал помош од началникот на Брза помош во Тетово, Адем Рамадани, кој веднаш испратил 4 болнички возила и дошол на местото на трагедијата. Рустани го известил и министерот за здравство, Венко Филипче, а потоа и Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, по што сите реагирале и испратиле помош до селото.

Меѓу првите кои наишле тука и помогнале бил и заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Фотографијата во продолжение е направена во моментот кога се извлечени првите повредени патници кои можеле сами да се движат.

Во една од најтешките автобуски несреќи кои се случиле во нашата земја, загинаа 14, а повеќе од 30 патници се повредени.