Апсолутен хит! Свештеник леташе над главите на верниците – го најавуваше враќањето на Исус на Земјата

347

Американски свештеник во една баптистичка црква во Мисисипи имаше досега невиден настап – тој буквално леташе над главите на верниците, симулирајќи го враќањето на Исус на Земјата.

Пастор Бартоломеј, во настапот за кој би му подзавиделе и во Холивуд, всушност најавуваше како ќе изгледа гордото враќање на Исус Христос на Земјата. Тој со помош на јажиња се спушти од галеријата кон бината.

За време на неговиот „лет“, тој ги запраша верниците: „Дали сте подготвени за неговото враќање?“.

Со громогласен аплауз и смеа, тој продолжи со своето проповедање пред верниците и доби неколку гласни „Амин“ пред да се спушти на бината.

Снимката од „летот“ на свештеникот експресно се прошири на интернет, а на социјалните мрежи луѓето започнаа да се шегуваат и да прават луди споредби.

Неколку дена после неговиот „лет“ над верниците, пасторот за американските медиуми изјави дека е изненаден од „стекнатата популарност“.

„Не очекував снимката да стане вирална. Некој ми рече дека оригиналната снимка имала 250 илјади прегледи. Со сите споделувања, тоа значи дека сега 7 милиони луѓе ја слушнаа пораката за враќањето на Исус“, заклучи тој.