Новинарка и старлета влегувале во „бункерот“ на Беливук на стадионот на Партизан

156

Во делот на финансиската истрага против Вељко Беливук, криминалецот кој се криеше зад навивачката група на Партизан, полицијата сослушала директорка на еден весник поради сомнежите дека преку неа уапсениот криминалец перел пари. Ист сомнеж има и за една позната стaрлета.

Извори од истрагата објаснуваат дека Беливук и уплаќал големи суми на директорката, за овие уплати немало реално покритие што укажува на тоа дека девојката која долго време работи во медиумите ги земала криминалните пари и ги вметнувала во легалните финансиски текови.

Според овој извор постојат оперативни сознанија дека девојката имала сефови во неколку банки кои сега се под контрола на полицијата. На девојката и е претресен и станот и одземено е се што може да биде доказ во постапката.

Паралелно со ова, полицијата претресувала и станови на уште две девојки, едната од нив позната старлета кој пред извесно време беше уапсена во друга држава. Таа била верена со близок соработник на Беливук, а неколку пати била снимена како влегува во „бункерот“ на стадионот на Партизан.

Во истрагата против Беливук полицијата сослушува и познати бизнисмени и сопственици на угостителски објекти за кои има сомнеж дека работеле со Беливук. Екипата на Беливук обезбедуваше бројни ресторани и ноќни клубови во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во телевизиско интервју изјави дека наскоро ќе обелоденат детали за криминалите на групата на Беливук и дека информациите ќе бидат шоканти не само за Србија туку и за Европа.