Нови даноци за личен доход – детално упатство на УЈП

0
66

Oд 1 јануари 2019 година започa да се применува Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година, соопшти УЈП.

 

„Со овој закон се уредува оданочувањето на личниот доход на физичките лица, обврзникот за плаќање на данокот на личен доход, даночната основа за пресметување на данокот на личен доход, даночните стапки, роковите за плаќање на данокот на личен доход, како и други прашања кои се значајни за утврдување и плаќање на данокот на личен доход“, информираат од УЈП.

ВИДОВИ НА ДОХОД

Со Законот за данок на личен доход извршена е поделба на доходот на следните видови на доход остварени во земјата и во странство: доход од работа, од самостојна дејност, oд авторски и сродни права, oд продажба на сопствени земјоделски производи, од права од индустриска сопственост, од закуп и подзакуп, од капитал, од капитални добивки, добивкиод игри на среќа, доход од осигурување и друг доход.

СТАПКИ НА ДАНОК НА ДОХОД

Данокот на доход, за доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права и доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, СЕ ПЛАЌА ПО ПРОГРЕСИВНИ СТАПКИ и тоа:

На годишна даночна основа  до 1.080.000 денари. Стапка на данок на личен доход 10%.

На годишна даночна основа  од 1.080.001 денари. Стапка на данок на личен доход  108.000 + 18% на делот од доходот над 1.080.000 денари.

Данокот на доход, за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, добивките од игри на среќа, доходот од осигурување и друг доход, се плажа по единствена стапка од 15 отсто.

АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ ПО ОДБИВКА ОД ИСПЛАТУВАЧ

Аконтацијата на данокот на доход се плаќа по одбивка, при секоја исплата на следните видови доход:

ВИД НА ДОХОД 

– доход од работа
– доход од авторски и сродни права. Месечна основа до 90.000 денари. Стапка на данок1 0%.
– доходот од продажба на сопствени земјоделски производи (ако исплатувачот на доходот води деловни книги) Месечна даночна 
од 90.001 денари. Стапка на данок 9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000 денари.
доход од закуп, ако исплатувачот на доходот води деловни книги. Стапка на данок 15%.
доход од права од индустриска сопственост, Стапка на данок 15%.
доход од капитал, освен доходот од камати од депозити. Стапка на данок  15%.
добивки од игри на среќа.Стапка на данок  15%.
доход од осигурување. Стапка на данок 15%
друг доход, ако исплатувачот на доходот води деловни книги. Стапка на данок  15%.

АКОНТАЦИЈА НА ДАНОКОТ ШТО ЈА ПРЕСМЕТУВА ОБВРЗНИКОТ – ФИЗИЧКО ЛИЦЕ

Во текот на годината обврзникот пресметува и плаќа аконтација на данокот на доход за следните видови на остварен доход:

ВИД НА ДОХОД   

Доход од закуп и подзакуп, остварен од издавање на:

– физички лица,
– физички лица кои остваруваат доход од самостојна дејност, а данокот го плаќаат според паушално утврден нето-доход,
– дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, во случаи кога обврзникот остварува бруто-доход. Стапка на данок 15%.
Капитални добивки. Стапка на данок  15%
Доход остварен од странство, освен за доходот од работа и доходот од авторски и други сродни права остварени во странство     15%
Друг доход. Стапка на данок  15%.

ВИД НА ДОХОД   

Месечна даночна основа    Стапка на данок
Доход од работа во дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави и меѓународни организации, кај претставници и службеници на такви претставништва кои имаат дипломатски имунитет за кои обврзникот сам го утврдува и уплатува данокот  Месечна даночна основа до 90.000 денари. Стапка на данок  10%.

Доход од продажба на сопствени земјоделски производи на физички лица надвор од продажни места на зелени пазари.Доход остварен од повремено или привремено вршење услуги на физички лица .Доходот од работа и доходот од авторски и други сродни права остварени во странство  Месечна даночна основа од 90.001 денари. Стапка на данок 9.000 денари + 18% на делот од доходот над 90.000 денари.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ

Аконтациите на данокот на доход по одбивка се пресметуваат и плаќаат според стапката што важи на денот на исплатата на доходот, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе се пресметува и плаќа според стапката и даночното намалување што важат за месецот на исплата.

Аконтациите на данокот на доход по одбивка за платата за месец декември 2018 година се пресметува и плаќа по стапка од 10 проценти (без примена на прогресивното оданочување) и личното ослободување кое важи за 2018 година.

Системот е-Персонален данок е соодветно прилагоден согласно новиот Закон за данок на личен доход и ќе започне со примена на 03.01.2019 година.

Започнатите постапки до денот на започнување на примената на овој закон ќе завршат согласно Законот за персоналниот данок на доход.

Со денот на започнувањето на примената на овој закон престанува да важи Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на Република Македонија“).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here