Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото на Панчо

1229

Јавното обвинителство потврди дека ќе биде издадена наредба за обдукција на пејачот Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој почина по речиси седум месеци болничко лекување. објави Скопје1.мк

„Информацијата е точна, Јавното обвинителство ќе издаде наредба за обдукција на лицето за кое постапката беше времено прекината токму поради здравствената состојба“, соопштија од Обвинителството. објави Скопје1.мк

Панчо изминатите месеци се лекуваше во приватната болница „Систина“ поради тешките изгореници што ги задоби во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 62 лица, меѓу кои и осум членови на бендот ДНК. Тој беше деветтиот член на групата кој го изгуби животот, а воедно и 63-та жртва на катастрофата.

Докторски тимови со месеци се бореа за животот на Панчо, а тој беше со тешки повреди и влошена психичка состојба. И покрај долготрајното лекување и интензивната медицинска грижа, тој не успеа да се избори.

Против него претходно беше покрената постапка под сомнение дека ги внел пиротехничките средства во дискотеката. Обвинителството ја стави постапката во мирување поради неговата хоспитализација. објави Скопје1.мк