Жената која роди дете за фирерот, никогаш не го видела детето ниту имала можност да чуе за неговата судбина

183

Со идеја за создавање совршен Ариец, се проценува дека околу 20.000 деца биле родени во текот на дванаесетте години на Третиот рајх, главно во Германија и Норвешка.

Во 1936 година, нацистичката поддржувачка Хилдегард Труц била избрана и регрутирана, поради нејзината „расна чистина“, да има интимна врска со офицер од СС. Крајна цел била да се зачне ариевско дете.

Хилдегард Труц била верна поддржувачка на нацистичкиот режим од моментот кога Хитлер ја презел власта. Веднаш се приклучила во Сојузот на германски девојки Бунд Дојчер Мадел во 1933 година и ги обожавала неделните состаноци. Така, бргу станала истакната фигура во локалната организација, најмногу заради нејзината руса коса и сините очи.

„Често бев претставувана како пример за совршена ариевска жена. Освен долгите нозе и торзо, структурата на колковите ми беше совршена за зачнување деца “, своевремено рекла Труц.

profimedia

На возраст од осумнаесет години, по завршувањето на училиштето, една од водачките на Бунд Дојчер Мадел и дала предлог на младата жена, предлог што ќе ѝ го промени животот:

„Ако не знаете што да правите, зошто да не му родите дете на Фирерот? Германија има огромна потреба од потомци на ариевската раса “.

Труц не знаела дека во тоа време се развива програма спонзорирана од државата за зголемување на бројот на раѓања на ариевци, деца со руса коса и сини очи. Според програмата наречена Лебенсборн, расно „чистите“ жени биле избрани да имаат интимни односи со офицерите од СС за да останат бремени.

profimedia

На младата Труц ѝ било објаснето како точно функционира програмата. Морала да мине низ низа медицински тестови, како и преиспитувања за нејзиното минато. Суштинска работа била да нема траги од еврејска крв, а ако резултатите се позитивни, жената би требала да избере партнер од офицерите на СС.

Труц со воодушевување го слушала ова објаснување кое ѝ звучело одлично и веднаш се запишала во програмата.  Била придружена до еден стар замок во Баварија, каде имало уште четиринаесет девојки, сите со лажни имиња.

„За да бидете прифатени во програмата, ви треба само сертификат за ариевска автентичност“, им рекле.

Замокот беше врв на луксузот. Имало заеднички простории за спорт и за различни забавни игри, книжарница, па дури и кино.

„Храната беше меѓу најдобрите што ги вкусив. Не моравме да работиме, имаше многу слуги во замокот “, своевремно се сеќава Труц.

Само што пристигнала во просториите, одговорен човек од СС ја прегледал.

„Моравме да изјавиме дека немаме случај на наследно заболување или било какви болести во нашето семејство“, се сеќава таа.

Во потрага по „совршениот“ Ариец

Младите жени во замокот биле предупредени дека ќе мора да потпишат документ со кој се откажуваат од сите нивни права над децата што ќе ги родат. По потпишувањето на таквиот документ, Труц и другите млади девојки биле запознаени со СС-офицери. Труц била импресиониран од нив:

„Сите беа високи и силни со сини очи и руса коса“.

Пред да изберат партнер, жените имале состаноци со мажите. Заедно гледале филмови, играле игри или учествувале во разни настани организирани во замокот.

„Имавме околу една недела да донесеме одлука“, рекла Труц.

Жените не ги знаеле машките по вистинските имиња, анонимноста била еден од принципите на програмата Лебенсборн.

„Кога го избравме партнерот, требаше да почекаме до 10-от ден од почетокот на последната менструација “, раскажала подоцна Труц.

Секоја млада жена поминала низ уште еден детален медицински преглед, по што избраниот официр на СС бил испратен во собата на девојката. Во првата недела, Труц била посетена од офицерот, последователно три вечери. Веднаш останала бремена и била преместена во посебен Дом каде ѝ била пружена посебна нега. По раѓањето на бебето, две недели го доела, а потоа се разделила од него и се преселила во друг дом.

profimedia

Труц никогаш повеќе не го видела своето дете ни таткото на детето.

Во следните години, иако сакала да забремени и да роди што повеќе деца за режимот, таа се вљубила во еден млад офицер со кој се омажила. Кога му кажала на својот сопруг за нејзината вмешаност во програмата Лебенсборн, била изненадена што тој не бил посебно изненаден ни возбуден.

Труц никогаш не открила што се случило со нејзиното дете.

Се проценува дека околу 20.000 деца биле родени во текот на дванаесетте години на Третиот рајх, главно во Германија и Норвешка.