Валери Соловеј : ПУТИН Е БОЛЕН ОД РАК , БЕШЕ ОПЕРИРАН ВО ФЕВРУАРИ !

154

Познат критичар на рускиот претседател тврди дека Владимир Путин имал рак и отишол на операција на почетокот на оваа година, пишува „Дејли меил“.

Валери Соловеј, кој тврди дека има извори „во епицентарот на донесување одлуки“, вели дека Путин (68) бил опериран во февруари.

Веста дојде две недели откако Соловеј зборуваше за здравјето на Путин, посочувајќи дека рускиот лидер страдал од Паркинсонова болест. Соловеј, поранешен шеф на одделот за односи со јавност на Московскиот државен институт за меѓународни односи, смета дека Путин планира да се повлече од функцијата во јануари поради здравствени проблеми и да ја назначи својата ќерка Катерина Тихонова за негова наследничка.

  • Ако некој е заинтересиран за точна дијагноза, јас не сум лекар, немам етичко право да ги откривам тие проблеми … Едниот дел (од здравствените проблеми на Путин) е од психолошко-невролошка природа, а другиот е проблем е што има рак – рече тој.
  • Втората дијагноза е многу, многу поопасна од првата затоа што Паркинсоновата болест не ја загрозува физичката состојба, туку ги ограничува јавните настапи. Врз основа на оваа информација, луѓето ќе можат да извлечат заклучоци за неговото ограничување, за што не е потребно специјално медицинско образование – додаде Соловеј.