НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА СКОПСКИ „ВОДОВОД“ Е ЗЛАТКО ПЕРИНСКИ

164

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска го назначи Златко Перински за нов в. д. директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Перински доаѓа на местото на досегашниот директор Душко Весковски, кој беше кандидат на градоначалник на СДСМ во Општина Карпош.

Перински е поранешен директор на спортската сала „Борис Трајковски“, а беше и советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот Совет на Општина Аеродром.

Арсовска досега ги разреши повеќето директори на јавните претпријатија поставени од нејзиниот претходник Петре Шилегов. Нови директор не се назначени уште на јавните претпријатија „Градски паркинг“ и „Комунална хигиена“.