Квалитетните тестови од фирмата „Abbott“ кои што даваат 99.6 отсто точност на резултатот за Ковид-19 од следната недела ќе бидат достапни и во Здравствениот дом во Скопје, соопшти д-р Виктор Исијановски, директор на Здравствениот дом.
Веќе од понеделник граѓаните ќе можат преку дадениот телефоснки број во медиумите да закажуваат термин и да направат брз тест за проверка на Ковид-состојба.
„Постапката се одвива 15 до 20 минути и ќе биде потребно околу половина час за резултатите, но ќе гледаме тој временски период да го намалиме на 20 минути“, посочил д-р Исијановски во „Тема на денот“ на телевизија Сител.
Тој објасни дека брисот се зема насоферигијално, потоа се става во епрувета во која што има течност и потребно е од 15 до 20 минути, да се капне од течноста на една од плочките и да се добие резултатот – веднаш.
Доколку лицето кое што се тестира е позитивно, во текот на денот ќе биде известен и Институтот за јавно здравје кој што понатаму ќе постапи со епидемиолошката анкета за лицето да се стави во изолација.
„Доколку пак тестот е негативен, а лицето нема симптоми тогаш нема потреба од ПЦР тест, но доколку тестот е негативен, а лицето има симптоми на Ковид-19 тогаш потребно е да се направи ПЦР тест“, објаси д-р Исијановски.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

