Станари од зграда во Тетово во полиција пријавале невообичаена појава снимена на безбедносните камери, при што се гледа сомнителен потег на човек кој ја прска влезната врата од објектот и бега со трчање. Зградата е спроти спортскиот центар во Тетово на улицата „Борис Кидрич“.
– Ние сме зграда со 64 станови и околу 300 луѓе. Според камерите ова се случило во 19.30 часот, човекот прска со непозната супстанца и бега, кој знае со што и којзнае какви мотиви има. Случајот е пријавен во полицијата. Направен е увид и дадени се снимките на полицијата за идентификување, вели Сашо Перовски, претседателот на куќниот совет.
Од СВР Тетово потврдија дека случајот е пријавен и дека се преземаат мерки за идентификување на стпорителот. Снимката од безбедносните камери се споделува на социјалните мрежи.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















