Актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, беше гостин во емисијата „Отворено“ на ТВ24, каде меѓу другото беше запрашан и за тоа дали навистина е можно токму тој да биде заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на државава.
Како што е веќе познато изборите би требало да се одржат во април месец годинава, а деновиве проциркулира информацијата дека како еден од можните кандидати е и министерот Никола Димитров. Тој дипломатски го избегна директниот одговор, но сепак емоциите го издадоа за неговите желби.
„Ќе бидам повеќе искрен отколку скромен, споменувањето на моето има за претседател е голема чест“, одговори Димитров.
Како министер за надворешни работи на Република Македонија, тој можеби е и најзаслужен за потпишувањето на договорот со Грција, па можеби ова ќе биде неговата награда за тоа. Неговата функција во Владата е една од најугледните и почитуваните, а и во СДСМ тој ужива голем рејтинг, со што воопшто не би било изненадување доколку тој биде нивниот конечен избор за кандидат на оваа уште поугледна функција – Претседател на Република Македонија.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)























