МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ВРЕДЕН 1.311.293 ДЕНАРИ ОСВОИ КИРО ОД ДЕЛЧЕВО

130

Добивките и наградите на Видеолотарија Касинос Австрија, непресушно се редат една по друга во последниов период, а меѓу нив се и најновите добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Киро Стојковски од Делчево е најновиот во среќната низа милионери. 

Тој стана сопственик на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во износ од 1.311.293 денари, кои сигурно ќе му го направат животот поубав, иако кога се фотографираше со нашиот популарен чек на шега рече „парите се веќе потрошени“. Киро е еден од оние играчи кај кои се исплатило честото дружење со нашите игри, бидејќи ни сподели оти често играл, па затоа сега е среќен што може и јавно да ја покаже својата радост.

Покрај него, на 5 октомври, во Кичево, еден наш играч освои МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.742. 060 денари, а само ден подоцна, во скопската населба Ѓорче Петров освоени се 1.451.160 денари. Последниот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ го регистриравме на 12 октомври во Велес, во просториите на Бет ту мар, каде што наш играч се израдува на добивка од 1.533.526 денари.

Со дождливото време, паѓаат и многу нови добивки. Некоја може да биде и ваша. Во игра се МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, со добивка од 1.200.000-1.800.000 денари и СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ со добивки до вртоглави 12.000.000 денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно