Ако сте тениски фан и памтењето добро ве служи, сигурно се сеќавате на една легендарна сцена од турнирот Рио Опен во 2014 година.
Тогаш цел свет се прашуваше: Која е оваа убавица која работи како собирачка на топчиња?
Младата дама стоеше до Рафаел Надал во поголемиот дел од турнирот и често му го одземаше вниманието за време на паузите, што камерите секако не пропуштија да го „фатат“.
За кратко време ја доби титулата „најубавата собирачка на топчиња“ и воопшто не изненадува фактот дека девојката го „запали“ интернетот. Сите сакаа да дознаат нешто повеќе за неа. Беше откриено дека се вика Фернанда Маја Карели.
Години подоцна, жолтиот печат повторно „копаше“ по интернет и откри дека Фернанда уште има врска со светот на спортот – сега е спортска коментаторка за радиостаницата Mix Fm, како и ТВ-водителка за спортската програма на SBT Esporte Rio. Исто така е навивачка на Олимпискиот стадион во Рио де Жанеиро.
Фернанда во меѓувреме се омажила и има две деца, а вака изгледа денес: