Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

920

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња.

Тој вели дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи е коалициски партнер на СДСМ за да му ги презентира слабостите што досега ги увиделе.

„Сите коалициони партнери имаме право да даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави која можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена, па ќе видиме која е таа вистина за која зборуваме. Кога ќе ги дадам предлозите за промени во парламентот, Груби заедно со нивната пратеничка група ќе може да се изјасни. Затоа имав средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да знаат кој чекори ќе ги превземам, а во партијата да си ги разгледаат кои одлуки ќе ги донесат. Штом ќе ги донесам одлуките одма ќе ги соопштам, немам намера да лицитирам со имиња“, рече Заев коментирајќи ја изјавата на Груби кој претходно денеска порача дека ветингот на ДУИ нема врска со метлата на Заев.

Заев не сакаше да каже дали актуелниот министер за екологија, Садула Дураку, ќе биде прв министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Кадровските промени не ги коментирам. Штом ќе ги донесеме одлуките, ќе ги соопштиме за сите“, рече Заев.

Запрашан дали може да разреши функционери од ДУИ, Заев рече: „Да почекаме уште неколку дена, па да видиме“.

„Ги почитувам сите луѓе, опонетите, сите. Слабостите кога се присутни, тие се кај луѓе. Тие доаѓаат од политички партии. Ќе дојде времето, ќе видиме дека ќе бидат опфатени од сите полтички субјекти“, додаде Заев.