Вардар не доби лиценца за настап во европските купови!

355

Најтрофејниот македонски клуб Вардар претстојната сезона, сепак, нема да игра во европските купови откако Комисијата за лиценцирање при ФФМ не му даде дозвола.

Одбиена е и жалбата на скопскиот клуб кој со ова добива уште една жестока шлаканица откако беше најавено дека Сергеј Самсоненко си заминува.

„Комисијата за Лиценцирање на ФФМ врз основа на доставените барања и документација од клубовите во Прва МФЛ, а за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 ги донесе следниве одлуки:

Се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:

Академија Пандев АД – Струмица

Беласица АД – Струмица

Македонија ЃП 1932 АД – Скопје

Работнички АД – Скопје

Ренова АД – Скопје

Силекс АД – Кратово

Шкендија АД – Тетово

Шкупи 1927 АД – Скопје

Не се издава лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во сезона 2019/2020 на фудбалските клубови:

Вардар АД – Скопје

Победа АД – Прилеп

По одлуките на Комисија за лиценцирање, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање. Комисијата за жалби за лиценцирање ја разгледа жалбата и ја донесе следната одлука:

Жалбата на ФК Вардар АД – Скопје се одбива како неоснована, одлуката на Комисија за лиценцирање се потврдува. Оваа одлука е конечна“, се вели во одлуката на Комисијата.