Неверојатна трагедија во Боцвана: Угинале 537 загрозени лешинари откако јаделе отруени слонови

113

Повеќе од 500 загрозени лешинари угинале откако изеле остатоци од три отруени слонови во Боцвана. Слоновите биле отруени од ловокрадци.

Угинале вкупно 537 лешинари и два орли во заштитено подрачје, а меѓу настраданите птици се наоѓаат повеќе видови на лешинари од кои сите се класифицирани како загрозени видови се наоѓаат на таканаречената “Црвена листа на Меѓународната унија за зачувување на природата”.

Птиците, кои се многу важни за целиот екосистем, станале посебно ранлива категорија поради труењето.

Оние кои се хранат со распадните животински тела играат клучна улога во одржувањето на чистата околина и го намалуваат ширењето на заразни болести.

Владата на Боцвана неодамна ја укинала забраната за лов на слонови, што нема да реши ниеден од проблемите.

Властите го осудиле намерното труење на животните како опасно и штетно за целата околина. Полицијата работи на деконтаминација на целото подрачје, а ваквото масовно труење не е изолиран инцидент бидејќи нешто слично се случило и во Намибија во 2013-та година.

loading...