Домашната помошничка од домот на братот на Мило Ѓукановиќ, Ацо украла накит вреден 330000 евра

109
Од домот на Ацо Ѓукановиќ, братот на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ се украдени повеќе од еден килограм злато, 33 часовници и неколку златници.

Домашната помошничка на Ацо Ѓукановиќ е осомничена за овој грабеж вреден околу 330 000 евра.

Специјалното државно обвинителство потврдило дека од домот на Ацо Ѓукановиќ се украдени 1053 грама златен накит, 900 грама злато без жиг, околу два килограми сребрен накит, повеќе златници и 33 часовници , вредни околу 330 000 евра.

На прес конференција обвинителката Стојанка Радановиќ изјавила дека осомничена за оваа гражба е домашната помошничка Ана. П. Украдените работи од домот на Ацо Ѓукановиќ потоа домашната помошничка му ги продавала на лице со иницијали Р.Ф.

„Во текот на 2019 година формирана е криминална група која имала за цел да направи повеќе кривични дела. Кај членовите на оваа криминална група пронајдена е голема количина од украденото злато, изјавила обвинителката.

Според нејзините зборуви Ана. Р во домот на Ѓукановиќ работела како домашна помошничка, која ја злоупотребила довербата од Гарбриела Ѓукановиќ, сопругата на Ацо.

Истрагата за овој случај е во завршна фаза истакната обвинителката. Но, во медиумоите се огласи и домашната помошничка Ана, со изјава дека таа не биле дел од никаква криминална група и дека таа самата го крадела златото и среброто од домот на Ацо Ѓукановиќ, а потоа накитот го продавала во златари кој ќе понудат најмногу пари. Таа воедно вели и дека вредноста на украдениот накит е ,многу помала .