Една од нашите најпопуларни и најуспешни манекенки со интернационална кариера, Катарина Ивановска, неодамна објави дека е повторно бремена.
Малиот Вања ќе си добие братче или сестриче, а мама ужива во блажената состојба која и дозволува да биде доста активна.
Таа заедно со партнерот и синчето или уживаат во викендицата на Маврово или пак се на некоја атрактивна дестинација покрај море.

Деновиве решија да дојдат во Скопје, а мама Кате се прошета по скопските улици облечена во тесни куси панталончиња и црна маичка во кои изгледа одлично.
Иако е кон средината на бременоста, Катарина очигледно се уште не качила некој килограм повеќе, туку напротив изгледа „бомбастично“.


Освен поновите фотографии на кои се гледа стомачето, мама и тато објавија и таква каде се заедно во еден скопски ресторан.

Каков ќе биде полот на бебенцето, засега е непознато, но независно дали ќе биде уште едно момче или пак Вања ќе добие дадичка, е сосема неважно бидејќи на радоста со доаѓањето на новиот член и нема крај.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















