Несторовски објави слика со Де Мајо, Французинот се понуди да игра за Македонија

608

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски објави фотографија на Инстаграм со својот соиграч Де Мајо која предизвика лавина од коментари.

Најпрво Елиф Елмас под фотографијата напиша „Убавиот и поубавиот“, а потоа следуваше коментар кој ги изненади сите.

Имено, еден фан на Несторовски му предложи на напаѓачот да му даде македонско државјанство на Де Мајо.

„Нестор, може да му дадеме македонско државјанство на Де Мајо“, на што веднаш следуваше одговор од Французинот.

Имено, Де Мајо го предизвика селекторот Игор Ангеловски со зборовите „Спремен сум“.

Останува да видиме како ќе одговори нашиот селектор на оваа симпатична провокација.