Нераѕурите ќе се подмладуваат: Македонецот од Шведска се сели во Интер!?

55

Покрај ѕвездените засилувања, Интер планира да донесе и неколку млади засилувања кои ќе бидат влог за иднината.

Порталот goal.com објави дека цел на нераѕурите се Сандро Тонали од Бреша и Дејан Кулушевски од Аталанта кој сезонава е позајмен на Парма. Тонали е еден од најголемите таленти во Италија и е желба на многу европски гиганти. Кулушевски е член на младата репрезентација на Шведска, но порано играше за македонската селекција до 16 години бидејќи неговото потекло, по родителите, е од Македонија.

Двајцата имаат по 19 години и Конте во нив гледа наследници на големите ѕвезди во тимот на Интер.