Сите витамини имаат своја улога во функционирањето на организмот и за ниту еден витамин или минерал не може да се каже дека е небитен.
Како последица од пандемијата на коронавирусот, сите многу научивме за витамините и нивната улога во зачувување на здравјето, а како главни витамини се споменуваат витамините Ц, Е и Д.
Меѓутоа, има уште многу моќни витамини за кои не се зборува и кои се неправедно занемарени, а поволно делуваат на целиот организам. Таков е и витаминот Б7, кој уште се нарекува и биотин, а кој има важна улога во создавање енергија која им е потребна на клетките. Исто така, Б7 е важен и за одржување на нормалното ниво на шеќер во крвта.

Одговорен е и за претворање на храната која ја јадеме во енергија, а со самото тоа и за нормално функционирање на метаболизмот. Ја подобрува нервната сигнализација, мемориската функција и генералното здравје на мозокот. Докажано е дека може да помогне во регулирање на холестеролот.
Освен тоа, биотинот е многу важен за убавиот изглед на косата, кожата и ноктите.
Симптомите кои можат да се јават како последица на недостиг од овој витамин се промени на кожата, сув и масен кожен осип, опаѓање на косата, повраќање, мачнина, губење апетит, замор, исцрпеност…
Доколку забележувате вакви симптоми, секако би требало да одите на лекар и да го проверите нивото на овој витамин.

Витаминот Б7 се наоѓа во многу намирници, па пожелно е тие редовно да се наоѓаат на вашето мени. Еве за која храна станува збор:
– пилешко месо
– леб
– риба
– жолчка
– печурки
– морков
– леќа
– карфиол
– чоколадо
– банана
Она што требате да го имате на ум, особено доколку имате дефицит од овој витамин, е дека кафето, алкохолот и антибиотиците ја намалуваат неговата апсорбција.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











