„Неписмено и клето“: Тамара Тодевска во два реда порака доби тешки навреди (фото)

854

Уште откако се врати од Евровизија и ја кажа скандалозна изјава со болчичките комбиња, а потоа следеше и настапот на парадата на гордоста, па грешно отпеаната химна на Македонија, Тамара Тодевска со ова си повлече една армија хејтери.

Помина доста време од сите овие случувања, кои очигледно тешко да заминат во заборавот на секавањата. Тамара и ден денес добива наврдливи коментари, па дури и приватни пораки со брутално навредлива содржина.

Една таква ја сподели на својот Инстаграм, сакајќи да возврати, но и да стави до знаење што се и пристигнува во сандачето за пораки.

-К*рво проста, прдавник глупо – пишува во пораката која и била пратена, а Тамара одговори:

-Ова па, ова. Неписмено и клето, возврати пејачката.

Идентитетот на личноста сепак го остави сокриен, но во делот каде што пишува кој и праќа ваква порака, а не и е пријател, станува збор за личност од женски пол.