Tри автобуси и едно комбе на приватна фирма утрово изгореа во кочанската населба Оризари. Пожарот на плацот, каде што биле паркирани, е пријавен рано утринава во 2:30 часот, информираат од Секторот за внатрешни работи-Штип.
– Денеска во 02:30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во населбата Оризари, кочанско, се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица–Кочани, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Се посочува дека нема повредени лица. Се очекува во текот на денот да биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.




![[ВИДЕО] Трамп: Киев ќе паднеше за еден ден, да не беше еден многу глупав руски генерал](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2019/08/9CflQ-tramp-1-218x150.jpg)































