Нема бегање од судбината: Мората ќе дебитира против Реал!

830

Новиот напаѓач на Атлетико Мадрид веќе ги помина лекарските прегледи и утре ќе почне да тренира со соиграчите.

Во текот на викендот веројатно ќе дебитира на гостувањето кај Бетис, а на домашната публика ќе и се претстави на 9 февруари. Судбината сакаше противник да биде неговиот матичен клуб Реал Мадрид во дербито на 23. коло од Ла Лига.

„Кралскиот клуб“ два пати се откажа од него, еднаш го продаде во Јувентус, еднаш во Челси, па се поставува прашањето дали би прославил гол ако успее да го постигне.