Нејмар е во врска со оваа “жешка” манекенка со хрватско потекло (ФОТО+ВИДЕО)

50

За бразилскиот ас Нејмар веќе некое време се зборува дека се забавува со манекенката Наталија Барулиќ која има хрватско потекло, пренесуваат бразилските медиуми кои будно го следат неговиот приватен живот.

Оваа манекенка наводно била забележана на неколку натпревари на ПСЖ, а сега останува само парот заедно да се појави во јавноста и да ги потврди ваквите гласини.

 

“Делумно сум Хрватка. Големо е задоволството да се биде во оваа прекрасна држава за првпат”, напишала Наталија во текот на посетата на Дубровник пред неколку месеци.

View this post on Instagram

?

A post shared by Ναtαlία Bαrulίch ? (@natalia) on

Нејзиниот татко е по потекло од Хрватска, а мајка ѝ е Кубанка. Наталија е родена во Калифорнија, каде учествувала и на изборот за Мис Калифорнија.

Таа е и заштитно лице на многу познати модни брендови.