Фудбалската суперѕвезда Лионел Меси го продава својот луксузен стан во Мајами за 7 милиони долари.
Сместен во луксузниот станбен облакодер „Porsche Design Tower“, Меси го купил овој дуплекс во 2019 година по цена од 5 милиони долари, што е речиси 2 милиони долари помалку од првичната понуда.

За жал, тоа што е еден од „најзафатените“ спортисти на светот не му остава многу време да престојува во Мајами и да ужива во својот дуплекс кој не го користел откако го купил. Неговиот моментален договор со Пари Сен Жермен го врзува за француската престолнина.
Бидејќи фудбалерот има уште еден луксузен стан кој го купил во близина на „Porsche Design Tower“ во април оваа година за 7,3 милиони долари, се решил овој да го продаде.

Дуплекс единицата содржи 2 спални соби и 5 купатила во своите 290 квадратни метри, а станува збор за единствен стан со 2 спални соби во тој објект. Според описот од огласот, дуплексот го поседува најдобриот поглед кон океанот од целата зграда.

Ова е единствената зграда во Мајами каде практично можете да влезете директно од автомобилот во својот стан, благодарение на уникатните автомобилски лифтови.

Фасцинантниот облакодер, освен што поседува сè што се „подразбира“ под една луксузна недвижнина, како базен, сауна, мини кино, фризерски салон, ресторан и слично, познат е и по тоа што содржи импресивна виртуелна спортска соба.













