NBA-“Воините” повторно на кошаркарскиот врв (ВИДЕО)

661

Голден Стејт Вориорс се нови NBA шампиони.

Рано утрово на гостински терен го совладаа Бостон со 103:90 и со конечни 4:2 ја освоија титулата. Ова е четврти шампионски пехар за “воините” во последните осум години со што станаа третиот најуспешен тим во историјата на лигата по Бостон и Лос Анџелес Лејкерс кој имаат по 17 титули.

Стеф Кари повторно беше најзаслужен за победата постигнувајќи 34 поени и 7 асистенции и ја освои наградата за најкорисен играч на финалната серија. Стеф влезе во еминентно друштво како еден од 11 играчи кои освоиле MVP награда за регуларниот дел од сезоната, MVP во финалето и MVP на All-Star натпреварите.

Според многумина најдобриот шутер на сите времиња влезе во уште едно историско друштво, како играч кој има најмалку четири освоени титули и две награди за најкорисен играч.

NBA FAN
Димитар Младеновски