Почетна Забава Маца – Дискреција има ново момче и тоа за сериозно: Старлетата ќе...

Маца – Дискреција има ново момче и тоа за сериозно: Старлетата ќе се мажи? (ФОТО)

43

Босанската старлета и ријалити ѕвезда Сенада Нуркиќ, попозната како Маца- Дискреција, изгледа решила да се „смири“.

Старлетата прослави 6 месеци врска со, како што вели, еден млад инженер. Таа објави и фотографија од нејзиниот избраник на Инстаграм, па во описот напиша:

„Среќни да ти се шесте месеци љубов. И наскоро сме во брак. Љубов со инженерот!“ –  напиша Маца и со објавата заинтригира многумина.

Да потсетиме, долго време се шпекулираше дека Маца се занимава со најстариот занает, додека во неколку наврати јавно изјави дека наплатува за гледање на нејзините голи секс фотографии и снимки на една популарна страница за возрасни.

 

Арно ама, изгледа дека навистина „за секое грнче, се наоѓа капаче“… Или уште подобро: „За секоја стока (роба), има муштерија“… До душа, ако е сето ова вистина, а не само уште еден рекламно-медиумски трик на старлетата!?