Дарио Ивановски е позитивен на Ковид-19, нема да настапи на ЕП во Полска

458

Еден од најдобрите македонски атлетичари Дарио Ивановски е позитивен на Ковид-19 и нема да настапи на престојното Европско првенство во сала кое од 4. до 7. март се одржува во Торун Полска.

„И официјално на престојно ЕП во сала кое ќе се одржи оваа недела во Торун, Полска, нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски нема да настапи. Да му посакаме многу здравје, брзи и лесно подносливи денови во ова светско КОВИД лудило кое удри и кај нашиот неприкосновен шампион“ – информираше неговиот тренер Игор Јакимовски.

Ивановски норма за ЕП во Полска обезбеди на митингот во Белград, Србија каде победи на 1.500 метри со нов рекорд на Македонија.

Македонија на ЕП во Торун ќе биде претставувана од Јован Стојоски кој обезбеди норма за настап на трката на 400 метри.