NBA-Ниту 54 поени на Јанис не беа доволни за победа (ВИДЕО)

722

Рано утрово, Индијана Пејсерс го пречека Милвоки Бакс.

Во исклучително неизвесен натпревар со многу поени, младиот тим од Индијанаполис успеа да го зачува домашниот терен. Балансираниот напад и подобрата концентрација во самиот финиш доведе до победа на “пејсерси” од 126:124.

И покрај фантастичното поентерско издание на Јанис Антетокунпо, “бакси” не успеаа во своите намери. Грчкиот репрезентативец постигна 54 поени (во отсуство на својот нов тимски другар Демиен Лилард) што се покажаа залудни за крајниот исход на натпреварот.
Кај домаќините, американскиот репрезентативец Тајрис Халибартон беше најефикасен со 29 поени и 10 асистенции, следен од Бенедик Матурин кој реализираше “дабл-дабл” учинок составен од 26 поени и 11 скокови.

За Индијана ова е трета победа по ред и во моментов имаат баланс од 6-3. Милвоки се наоѓа веднаш зад нив со скор од 5 победи и 3 порази сезонава.

NBA FAN
Димитар Младеновски