NBA колумна на Димитар Младеновски – Trae Young со историско остварување (ВИДЕО)

71

Младиот и талентиран тим на Atlanta Hawks успеа да го совлада Denver Nuggets и да ги потсети кошаркарските аналитичари колку нивната иднина е навистина светла. Нивниот најдобар играч, Trae Young постигна 42 поени и 11 асистенции со што помогна за пресврт и победа над еден од најдобрите тимови во лигата, на нивни терен.

Со ова достигнувње Young влезе во елитно друштво. Toj на 2 пати во досегашната кратка кариера ја надминал бариерата од 40 поени и 10 асистенции на еден меч. Само Michael Jordan и LeBron James може да се пофалат со ваква статистика на толку млада возраст (пред да наполнат 22 години). Еден од највозбудливите бекови поентери во NBA, има многу да понуди и ваквите статистички експлозии се само најава на сето она што може да следи од него. “ICE ТRAE” ги “заледи” Nuggets-и синоќа, и кошаркарскиот Свет треба да има во предвид за каков расен стрелец се работи.

NBA FAN

Димитар Младеновски