Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски реагираше на предлогот на експремиерот Љупчо Георгиевски за решавање на спорот со Бугарија.
Димитриевски оцени дека ваквиот предлог е срамен и понижувачки за Македонија и македонскиот народ. Тој го повика Георгиевски да му се извини на македонскиот народ, а јавното обвинителство да отвори случај.
Акцискиот план кој што вечерва го предложи поранешниот Премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки за Македонија и Македонскиот народ. Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите Македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на Македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот.
Доколку кај поранешниот премиер постои малку доблест и свест под итно треба да го врати Македонското државјанство и да се извини на целиот Македонски народ.
– Го повикувам јавното обвинителство екс официо да отвори случај, спроведе истрага и доколку утвртди одговорност за ваквиот предлог кој е противуставен да поднесе кривична пријава за дело против државата и поткопување и уривање на уставниот поредок.
– Јас сум еден од многуте граѓани во државата кој секогаш и секаде бескомпромисно ќе се спротивстави на ваквите утопистички ставови.
Во оваа прилика ќе потсетам на зборовите на Гоце Делчев: Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како Македонскиот“, пишува Димитриевски.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













