NBA колумна на Димитар Младеновски – Teпачка во Philadelphia (ВИДЕО)

616

Во дуелот помеѓу Philadelphia 76ers и Minnesota Timberwolves,навивачите во Wells Fargo Centar не беа сведоци само на одлична кошарка. Налик на цврстата игра ов 90-тите години на минатиот век, имаше и физичка пресметка. All Star центрите на двата тима Joel Embiid и Karl Anthony Towns го потврдија нивнот меѓусебно нетрпение кое трае веќе одреден период.

Bo третата четвртина од мечот, двајцата влегоа во меѓусебна борба по која набрзо се најода (буквално) борејќи се на теренот. Играчите на двата тима, како и официјалните лица успеаа да ги раздвојат и да спречат ескалација на целиот хаос. Не е тајна дека Embiid и “KAT” меѓусебно не сe поднесуваат.  Во минатото двајцата не ретко знаеле да упатат критики па и навреди преку медиумите. Центрите веднаш беа исклучени од мечот и секако дека ке добијат суспензии од NBA лигата. Парична казна неспорно ке следува, но сеуште е нејасно колку натпревари ке пропуштат за својот испад на теренот. Резултатот на мечот остана во втор план. Во дуелот на двете непоразени екипи до сега, Philadelphia успеа да им го нанесе првиот пораз на “волците” со огромни 22 поени разлика (117-95).

За крај, еве кратко објаснување на историјатот меѓу нетрпението на двајцата млади центри:

NBA FAN

Димитар Младеновски