Ќерката на Моника Белучи порасна, па ја засени својата мајка – Дева има 16 години и се занимава со манекенство

667

Ќерката на славната убавица Моника Белучи и актерот Винсент Касел порасна и веќе започна да заработува како заштитно лице на брендот „Dolce & Gabbana”, чија муза години наназад е всушност нејзината мајка.

Убавата Дева Касел наскоро ќе наполни 16 години (12. септември 2020), а нејзините родители Моника Белучи и Винсент Касел досега не дозволуваа нејзино претерано експонирање во јавноста.

Меѓутоа, убавото лице на оваа тинејџерка отсега се почесто ќе го гледаме, со оглед на тоа дека таа „се заканува“ да стане еден од најбараните модели на денешницата.

Насмеана, природна, ведра, Дева плени и преку фотографиите, а оние кои соработуваат со неа велат дека на нејзиниот шарм тешко може да се одолее.

Погледнете ги нејзините фотографии…