NBA колумна на Димитар Младеновски-Сите промени во преодниот рок досега

538

Во текот и по завршувањето на NBA драфтот, се случија неколку интересни размени на играчи.

Најпрво, тимот на Оклахома Сити се засили со искусниот крилен центар, Ал Хорфорд. Доминиканскиот репрезентативец доаѓа во замена од Филаделфија за шутерот Дени Грин, кој “грмотевиците” го добија од шампионот “лејкерси” пред неколку денови.Ова не беше единствен потег кој “сиксерси” го направија. Освен Грин, се засилија со уште еден поентер, еден од најопасните шутери во лигата Сет Кари (братот на далеку попознатиот Стеф Кари). Тимот од Пенсилванија има очајничка потреба од добри шутери па овој потег не е никакво изненадување, иако “цената ја платија” откажувајќи се од еден врвен дефанзивец, бекот Џош Ричардсон кој во спротивен правец заврши во Далас.

По трампата на Крис Пол, Оклахома во пакет го доби шпанскиот репрезентативец  Рики Рубио кој веднаш го прати во Минесота во замена за идни пикови на драфтот во годините кој следуваат. Во дресот на Оклахома ке се појави и довчерашниот играч на “тимбервулвс”, крилниот центар Џејмс Џонсон. Ова значи враќање на Рубио во Минеаполис. Таму ја започна кариерата и одигра 6 сезони во дресот на “волците”. На силно инсистирање на нивниот главен играч, Карл Ентони-Таунс, Рубио повторно ке биде прв плеј во “Таргет центарот”.Голден Стејт по ужасните вести за новата повреда на Клеј Томсон, веднаш реагираше. Го доведе перспективното крило Кели Убре. Откако пред неколку дена беше испратен во Оклахома, ова е шанса за Убре да настапува за конкурент. Тој е “All Star” потенцијал и со сигурност ке му одговата новата средина.Јута реши да ослободи дел од селари-капот со цел задржување на бековскиот двоец Донован Мичел-Џордан Кларксон. Од тие причини го испрати во Њу Јорк центарот Ед Дејвис.Следуваше трејд помеѓу три тима. Детроит го испрати крилото Лук Кенард кај “клиперси”, а кај “пистонси” доаѓа Родни МекРудер. Во Бруклин заврши младиот плејмејкер Лендри Шемет како замена за 17-от пик од кој “мрежичките” се откажаа. Потоа “клиповите” продолжија со процесот на целосен ремонт на ростерот. Го испратија Тони Снел во Атланта а во спротивен правец заврши ветеранот Двеј Дентмон.

 

NBA FAN

Димитар Младеновски