Путин признал дека го игнорира Порошенко: Навистина не му одговарам на повиците, но не затоа што не сакам да зборувам со него! Еве зошто

335

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјавил дека не одговара на обидите на претседателот на Украина, Петро Порошенко, да разговараат на телефон, бидејќи не сака да учествува во неговата предизборна кампања и комбинациите врзани за украинската провокација во Керчкиот мореуз.

“Не станува збор за тоа дека едноставно се повлекувам и не сакам да разговарам со Петро Алексијавич, не е тоа случајот”, одговорил Путин на барањето на новинарот да го прокоментира неодржувањето на телефонски разговор со Порошенко, што го побарала украинската страна.

“Станува збор за тоа дека не сакам да учествувам во неговата предизборна кампања”, објаснил рускиот претседател. Путин објаснил дека Порошенко вешто создава кризни и провокативни ситуации и веднаш ја префрла одговорноста за направеното на Русија, па “веднаш сака да покаже дека успешно ги решава настанатите проблеми”.

“Ова е проста комбинација и јас во таа комбинација не сакам и нема да учествувам”, заклучил рускиот лидер.

Потсетуваме, три брода на украинската воена морнарица, “Бердјанск”, “Никопољ” и “Јан Кап” на 25-ти ноември, нарушувајќи ги членовите 19 и 21 од Конвенцијата на ОН за морско право, илегално ја минале државната граница на Русија. Бродовите влегле привремено во затворените води на Русија и неколку часа изведувале опасни маневри, не одговарајќи на барањата на руските бродови кои ги следеле. Сите бродови биле задржани и подоцна пренесени до пристаништето во Керч.

Приведени биле 24 украински војници, вклучувајќи и два агенти на Службата за безбедност на Украина, кои според зборовите на прес-службата на Федералната служба за безбедност на Русија, се наоѓале на бродовите и ја координирале провокацијата.

Москва, тој инцидент го нарекла провокација која е поврзана со лошиот рејтинг на претседателот на Украина, Петро Порошенко пред изборите.