Веќе пишувавме за интересната и специфична приказна на Стефон Марбери.
Денес се потсетуваме на една од најдобрите сезони на “Старбери” во лигата.
Во сезоната 2000-2001, Марбери ја играше својата трета сезона во дресот на Њу Џерси Нетс.
Токму ова првенство стана “All-Star” играч и ја имаше една од најдобрите играчки години. Воодушевуваше со својот атрактивен и агресивен стил кој во тоа време беше коментиран како да е превземен од “видео игра”. По завршувањето на првенството се пресели во Феникс во замена за Џејсон Кид.
Во 2001-ва, “Стеф” на 67 натпревари во просек постигнуваше по речиси 24 поени и 8 асистенции. Овој статистички успех го вброи како единствен играч кој во тоа првенство се наоѓаше помеѓу топ 10 во двете категории.
Уживајте во најубавите потези од овој период.
NBA FAN
Димитар Младеновски