NBA колумна на Димитар Младеновски-Никси сериозно оштетени (ВИДЕО)

1116

Во дербито на Њу Јорк, помеѓу “Никси” и “Нетси”, бевме сведоци на драматичен финиш. Тимот на Њу Јорк Никс беше сериозно ограбен поради судиските одлуки на крајот од мечот.Бруклин славеше со конечни 117-112, во натпревар кој го одбележа најконтроверзната овогодинешна судиска одлука. И покрај одличната претстава на “Аll-Star” крилото на “никси”, Џулиус Рендл, кој постигна 33 поени и 12 скокови, токму одлуката против него беше кобна за тимот од “големото јаболко”. Судиите досудија чекори на нешто повеќе од 3 секунди до крајот на регуларниот дел од натпреварот. Со оваа одлука, предноста беше на страна на домаќините кој успешно го затворија мечот.Во победничкиот состав, Кајри Ирвинг беше лидер со 34 поени. Во чекор го следеше бековскиот партнер, Џејмс Харден кој оствари импресивен трипл-дабл ефект сочинет од 25 поени, и по 15 успешни додавања и скокови. Со последната (спорна) победа, “мрежичките” се израмнети по бројот на победи со водечката Филаделфија. Обата тима имаат по 27 триумфи. Тимот од “Барклеј центарот” сеуште настапува без својот прв адут, Кевин Дурент кој се опоравува од повредата на квадрицепсот.

NBA FAN

Димитар Младеновски