Ники Максвел Ван Ексел, беше еден од најбрзите и офанзивно најимпресивните бекови во 90-тите. Добро познат на кошаркарските фанови по своите бестрашни влезови во рекетот, како и неисцрпната енергија. Ник “the quick” беше поентер кој совршено би се вклопил во денешниот стил на игра во NBA лигата. Секогаш беше расположен за поени и за него не постоеше “лош” шут.

Во прилог е една од најдобрите партии на Ван Ексел во дресот на “Лејкерси”. Moлневито брзиот плеј, на негова 23 годишна возраст пружаше зрела игра која го надминуваше неговото дотогашно скромно професионално искуство. Во стил на прекален ветеран, го водеше својот тим до голема победа на гостувањето во Бостон, против својот најголем ривал. Уживајте…
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












